Груевски: Сакаат да нѐ закрват и да ја растурат државата

Ќе повторам дека по се што изминавме нема двоумење и сликата за тоа кои беа причините за се што се случи во овие две и пол години е кристална и многу јасна. Но исто така знам што ќе се случи во периодот што следи. 11-ти декември е времето кога следи одговорот на народот кој се до сега бележеше и следеше, тоа е оној тивкиот глас на мнозинството кое ќе рече стоп на ваквите политики, ДА за Македонија која оди напред, која создава шанси, реализира проекти, одговара и ги решава проблемите на анродот и на сите граѓани во Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Аеродром.-Сега новата стратегија им е нас да не’ нарекуваат националисти затоа што се споротивставуваме на ова сценарио кое носи кон разделба на државата, односно на делови од државата. Не сме ние националисти, ВМРО-ДПМНЕ со себе ги има заедно партиите од сите етнички заедници, сите ромски партии се со нас, имаме труски, бошњачки партии во коалицијата, имаме членови Албанци. И зошто не сме ние националисти кога даваме субвенции на сите земјоделци, како на Македонците, така и на Албанците. Што не не’ наречат националисти кога ги зголемуваме пензиите на сите граѓани подеднакво, кога ги зголемуваме платите, кога правиме мерки за подобрување на животот. Зошто не бев наречен јас националист кога отрчав прв да им помогнам на луѓето во Шипковица кога имаа мака  и ги снајдоа поплавите. Што не бев националист кога бев во Речица да помогнам. Што не бев националист кога одам по сите села негледајќи ги луѓето што се по националност, дали се Македонци, дали се Албанци, дали се Турци, дали се Роми, дали се Бошњаци и гледам да помогнам секому, затоа што сите ние делиме заедничка судбина во оваа држава, но некој друг сака да не раскара, некој друг сака да ни вметне нешто што некои радикални структури во иднина ќе сакаат да го злоупотребат и да не закрват и да ја растурат државата. Затоа сега нас не’ нарекуваат националисти оние кои исполнуваат туѓи сценарија, кои работат за туѓи интереси, оние на кои што им ветиле некои од горе дека ќе ги рпават премиери, а не гледаат дека народот е тој кој треба да те направи премиер, рече Груевски.-Сега новата стратегија им е нас да не’ нарекуваат националисти затоа што се споротивставуваме на ова сценарио кое носи кон разделба на држав

Пронајдете не на следниве мрежи: