четврток, 26 ноември 2026
Најново

Груевски: Се инсталираат пет нови мамографи низ државата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во моментов тече инсталирањето на пет нови мамгорафи ширум Македонија од кои четири се во завршна фаза. Петтиот во Македонска Каменица е во фаза на инсталирање, бидејќи таму течат и градежните работи за подготовка на теренот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Прилеп.Тој истакна дека претходно беа набавени и вградени шест мамографи во поголемите населени места во Македонија, меѓу кои и во Прилеп.
– За петте нови мамографи се инвестираат околу 40 милиони денари. Мамографите се максимално искористени и спасуваат многу животи затоа што правењето скрининг во рана фаза на појава на канцер кај жените е речиси гаранција дека ќе бидат излечени, рече Груевски.
Доколку скринингот се прави доцна, додаде, за жал голема е веројатноста да заврши со смртни последици.
– Набавката на мамографите не само што значи осовременување на здравствената инфраструктура, туку значи и конкретно и директно спасување на многу животи ако во рана фаза биде откриена болеста преку скрининзите, посочи Груевски.
Тој додаде дека Министерството за здравство веќе има направено програма за скрининзи на сите жени над педесетгодишна возраст кои се повикуваат да направат скрининг, а доброволно скрининг може да направат и младите.Тој истакна дека претходно беа набавени и вградени шест мамографи во поголемите населени места во Македонија, меѓу кои и во Прилеп.
–

Поврзани вести