Груевски се обрати до јавноста: Не е прв пат СДСМ да прославува кога ги губи изборите. Заев е во очај!

Лидеро на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред малку на својот Фејсбук профил објави порака со која ѝ се обрати на македонската јавност.Пораката ви ја пренесуваме во целост:
-„Не е прв пат СДСМ да прославува кога ги губи изборите. Тоа е нивно право, а би рекол и навика. Заев е во очај. Тој можеби очекува дека тие кои го најмија ќе му помогнат сега, но мнозинството од граѓаните веќе гласаа и одлучија и нема да дозволат некој да им ја украде победата. Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата.
Но, се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден. Очигледно Заев прави максимални напори да ја продолжи политичката криза во Македонија.
Согласно изборот на граѓаните на Република Македонија и меѓународната потврда за тоа дека изборите поминаа во најдобар ред и беа фер и демократски, јас во овој период сум фокусиран кон формирање на новата влада со цел реализација на ветената програма за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија.“- напиша Груевски на својот Фејсбук профил.
Пораката ви ја пренесуваме во целост:
-„Не е прв пат СДСМ да прославува кога ги губи изборите. Тоа е нивно право, а би рекол и навика

Пронајдете не на следниве мрежи: