Груевски: Со Бајден имавме одлична пријателска средба

Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави, премиерот Никола Груевски оствари средба и со потпретседателот на САД, Џо Бајден. На средбата, како што информира претседателот на македонската Влада се зборувало за повеќе теми, меѓу кои и политичкиот дијалог, реформите, економијата и економската соработка, како и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.-Со Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период, изјави Груевски по средбата.
Американските медиуми пренесуваат дека потпретседателот на САД, Џо Бајден  остварил средба со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.
– Бајден и Груевски  се согласија дека понатамошната имплементацијата на договорот од Пржино е многу важна, како и преземањето на чекори кои ќе обезбедат кредибилни избори.  Потпретседателот Бајден ја истакна поддршката која и понатаму САД ќе ја дава за Евро-Атланската интеграција на Македонија, пренесуваат американските медиуми.
Премиерот Груевски во синоќешната изјава средбата ја оцени како одлична и пријателска на која се разговарало за повеќе теми.
-Со Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период, изјави Груевски по средбата.

Македонскиот премиер нагласи дека на средбата разговарале за повеќе теми.
-Зборувавме за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економската соработка, за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, рече Груевски.
Груевски потенцираше дека и во иднина ќе продолжи соработката со САД, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ и како што рече, нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за нашата земја во иднина.
 -Со Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Збор

Пронајдете не на следниве мрежи: