Груевски со честитка по повод 11 Октомври

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го честиташе денешниот голем државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.Денот на народното востание, ја демонстрираше желбата на македонскиот народ за слобода и за сопствена држава. 11 Октомври беше продолжение на битката на Илинденците и сите пред нив кои се бореа за слободна Македонија. На овој светол ден за македонската држава се докажа дека кога работиш за својата земја ништо не е невозможно и неостварливо, токму затоа водејќи се од нивниот пример за тоа како се работи за својата земја, треба да ја продолжиме нивната борба. Борбата беше за слободна Македонија, нашата борба е борба за економски просперитетна Република Македонија, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ структурите, каде и природно припаѓа, стои во честитката од Груевски и се додава:
„Нашата борба е борба за отворање на нови работни места, изградба на нови автопатишта, подобро образование и здравство, се со цел креирање на подобра иднина за идните генерации. 11 Октомври е повеќе од обичен државен празник, тој е и отелотворување на идеалот за слободата и правда. Тој идеал не води и денес, и не мотивира да работиме за доброто на идните генерации, за подобро утро за сите. За градење на држава каде заеднички и сложно, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и останатите, сите кои споделуваме исти потреби и проблеми ќе одиме напред. Оттука дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам 11 Октомври, со желби за добро здравје и среќа, просперитет и развој“.Денот на народното востание, ја демонстрираше желбата на македонскиот народ за слобода и за сопствена држава. 11 Октомври беше продолжение на

Пронајдете не на следниве мрежи: