Груевски: Со тендерот за инсулин се гарантира квалитетот на лекот!

Не постои можност да дојде до загрозување на животот и здравјето на луѓето кои што примаат инсулин.Премиерот Груевски за Канал 5 вели дека се работи за отворање на пазарот за паралелен увоз со кој ќе се обезбеди поголема конкуренција која што треба да ја намали цената за лекови кои треба да се со ист квалитет каков што е сегашниот.
-Во никој случај не може и не смее да стане збор за намалување на квалитетот што би влијаело  макар и малку негативно на здравјето на примателите на инсулин. Ова неколку пати го прашував во разговорите со министерот и со други стручни луѓе и сите ми го потврдија-дека се работи за реакција на компанија која досега 10 и повеќе години била како ексклузивен увозник, само таа ги добивала набавките и дека со отворањето на пазарот и со можноста за паралелен увоз, единственото што ќе се случи е што се надеваме дека ќе има повеќе конкуренти , рече премиерот.
На електронската лицитација, рече Груевски, се очекува цената да се намали и тие пари да бидат наменети во други сегменти за развој на здравството.
Во видеото во продолжение, погледнете ја целата изјава на премиерот.
Премиерот Груевски за Канал 5 вели дека се работи за отворање на пазарот за паралелен увоз со кој ќе се обезбеди поголема конкуренција која што тре

Пронајдете не на следниве мрежи: