Груевски: Со владина поддршка набавени 2.000 трактори и уште 8.000 други земјоделски машини

Со досегашната владина поддршка преку проектот „50:50“, во Македонија се набавени 10.000 парчиња земјоделска механизација од кои 2.000 трактори и 8.000 други видови машини, рече денеска премиерот Никола Груевски.Во земјоделските задруги, како што изјави Груевски по потпишувањето на Договорот за рестартирање на „Порцеланка“ во Велес, тој принцип беше „90:10“ зашто Владата сакаше да даде голема поддршка за формирањето на земјоделските задруги. Таму, 90 отсто инвестираше државата, а 10 проценти земјоделците.
Според него, се работи за голема инвестиција од околу 15 милиони евра.
– Видовме дека тоа многу им помогна на земјоделците и дека тие се задоволни, а другите што го немаат направено тоа, видоа дека е остварливо и дека тоа што се ветуваше се реализира. Охрабрени, и многу од нив се подготуваат да го направат истото, подвлече Груевски, одговорајќи на новинарски прашања.
Оваа година, најави, ќе продолжи мерката „50:50“, како и онаа за задругите „90:10“ и на поголем број други земјоделци ќе им се овозможи по исклучителни поволни услови, каде државата практично субвенционира најмалку половина од набавката, да купат нови опреми од земјоделската механизација.Во земјоделските задруги, како што изјави Груевски по потпишувањето на Договорот за рестартирање на „Порцеланка“ во Велес, тој при

Пронајдете не на следниве мрежи: