Груевски во САД на негова иницијатива, а не како што измислуваа опозициските медиуми дека е „итно повикан“

Три дена медиумите блиски до опозицијата ширеа дезинформации дека ненадејната средба Груевски Бајден значи дека Вашингтон ќе бара одговори од Груевски за многу прашања, па тоа го поврзуваа со формирањето на техничката влада, договорот од Прижино и останати негативности кои што сакаа да ги препишат на контото на Груевски. Но демантот стигна од Американската амбасада, која е децидна дека средбите во Вашингтон, вклучително и со потпретседателот Бајден се на иницијатива на премиерот Груевски.“Владата на Република Македонија барала премиерот Груевски  да се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден за да разговараат за спроведувањето на договорот од Пржино, за безбедносни како и за останати прашања од заеднички интерес“ е прецизниот одговор од американската амбасада.
Оттука е јасно дека паѓаат во вода сите тврдења дека Груевски е итно повикан во САД и дека таквите средби се негативен знак за Македонија, туку токму спротивното, Бајден одговара на иницијативата на Груевски и дава позитивно светло за остварување на таква средба. Груевски веднаш по средбата соопшти- одлична и пријателска средба.
На средбата, како што информира претседателот на македонската Влада се зборувало за повеќе теми, меѓу кои и политичкиот дијалог, реформите, економијата и економската соработка, како и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
-Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период, изјави Груевски по средбата.
Груевски оствари важни средби и со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.
 Сешн до Груевски порача, „вашето присуство во Вашингтон е значајно за САД“.
Наспроти ова, еве како манипулираа опозициските медиуми.
Слободен Печат излезе со наслов Груевски ќе предаде должност кај Бајден па кај комесарот Хан.
МКД мк напиша дека средбата е неочекувана и итна, иако демантот стигна од американската страна дека средбата не е неочекувана туку доаѓа на иницијатива на Груевски.
Американската амбасада со шамар и за Дојче Веле на македонски јазик кој тврдеше дека средбата е можеби поради катил ферманот до власта на Груевски или изразување на условена подршка, што се покажа за апсолутно неточно.

Тонч доживеа и пуленот на СДСМ, Фрчковски кој манипулираше дека средбата Груевски Бајден е на иницијатива на Американците со цел наводно да се осигурале дали ќе си поднесе оставка, што повторно се покажа како погрешна информација.

Ова е и врел шамар за порталот на Бранко Геровски Плус инфо, кој шпекулираше дека Груевски бил сардисан од сите страни и дека средбата со Бајден била во низата средби за диспилинирање на Груевски. 
“Владата на Република Македонија барала премиерот Груевски  да се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден за да разговараат за спро

Пронајдете не на следниве мрежи: