Груевски во Струга: Продолжуваме со проектите, за разлика од СДСМ ветуваме работи за кои сме сигурни дека ќе ги реализираме!

Воведуваме нов проект за купување и изградба на куќи за лицата над 36 години, со кој се предвидува 10 годишно субвенционирање на ратите од кредитот или 100 отсто субвенционирање на учеството за кредитот за таа намена, рече Груевски на митингот во Струга.Ние ветуваме работи за кои сме сигурни дека ќе ги реализираме, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски од Струга.
Програмата Реално е на народот и преставува одговор на сите нивни потреби и барања. Со неа ќе обезбедиме економски раст, напредок и нови инвестиции.
-Предвидуваме растот на БДП да се движи меѓу 3,0% и 4,5%. Со несмалено темпо ќе работиме на реализација на нови гринфилд-инвестиции, ќе продолжиме со реализирање нови мерки за вклучување на поголем број домашни македонски компании во ланецот на доставувачи на мултинационалните компании. Продолжуваме со оданочувањето од нула отсто на реинвестираната добивка и со политиката на ниските даноци. Македонија има најниски даноци во светот. Бизнис инсајдер по податоци на ММФ и СБ објави ранг иста, каде Македонија е број 1 со најниски даноци во светот, по нас се земји како Катар, Емирати. Број 1 во светот по најниски даноци е Македонија, рече Груевски.
Ќе продолжуваме, додаде тој со таа политика бидејќи дава резултати.
Ќе ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 18 отсто затоа што ќе се отворат најмалку 70.000 нови работни места, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот пред стружани.
Предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор за 10,25 отсто и зголемување на пензиите за 10,25 отсто, додаде тој во својот говор.
-Предвидуваме зголемување на социјалната помош за 50 отсто во наредни 4 години.Во наредните четири години ќе го продолжиме трендот на усогласување и зголемување на платите за преку 3.500 вработени во детските градинки и ќе отвориме и 140 детски градинки, рече Груевски.
 
Едната опција креира кризи, другата работи, помага, се грижи и создава
Во нашиот живот често се соочуваме со некаков избор. Во Кое училиште ќе одиме? Кој факултет ќе го одбереме? Со која професија ќе се занимаваме? Каков ќе биде твојот дом и како ќе изгледа твојата иднина? Тоа се избори кои одредуваат во кој правец ќе се движи твојот живот. Така е и со овие парламентарни избори кои се пред нас. Изборот е помеѓу алтернативи. Споредете ги самите и одберете, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Струга.
-Едната опција креира кризи. Другата работи, помага, се грижи и создава. Едната опција сее омраза и поделеност, другата е посветена на конкретни проекти кои го подобруваат вашиот живот. Едната опција се занимава со деструкција и конфликтност, другата ги решава секојдневните проблеми на граѓаните и се грижи за државните интереси. Само запрашај се: „СО КОГО ЌЕ МИ БИДЕ ПОЛЕСНО?“, рече Груевски.
Груевски рече дека граѓаните треба да си го постават прашањата кој подобро ќе се справи со економските предизвици, кој ќе отвори нови работни места?
-Кој ќе изгради нови патишта, болници, училишта?, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Кој ќе обезбеди повисоки плати и пензии? На кого му држи зборот? Кој може и знае да ги направи сите овие работи?  ВМРО или СДСМ Ова е едноставен избор.  Ова е одлука за тебе и за Македонија, рече Груевски.Ние ветуваме работи за кои сме сигурни дека ќе ги реализираме, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски од Струга.
Програмата Реално е

Пронајдете не на следниве мрежи: