Груевски: Заеднички ќе се залагаме за унапредување на стандардите на сите полиња

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се обрати во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност каде што се потпиша Декларација за заеднички настап на изборите со политичките партии од коалицијата “За подобра Македонија“.Во продолжение интегрален пренос од обраќањето на Груевски за време на потпишувањето на Декларација за заеднички настап на изборите со политичките партии од коалицијата “За подобра Македонија“.
Почитувани претседатели на политички партии од Коалицијата „За подобра Македонија“,почитувани гости,
Денес ја потпишавме Декларацијата Македонија 2020 за заеднички настап на нашата коалиција на престојните предвремени парламентарни избори во декември оваа година.
Свесни за сериозноста на предизвиците пред кои е исправена Република Македонија во битката за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој.
Поздравувајќи го постигнатото ниво на реализација на одредбите од програмата „Проверено-проекти кои што докажано се остваруваат“ од страна на Владата;
Свесни дека има уште многу да се работи и решени со  сите сили да продолжиме со афирмација на концептите на добро управување и одговорен однос, кон заедницата и граѓаните на сите нивоа од власта;
Убедени дека идеите на државотворната одговорност, како и афирмирањето на духот на единството се препознаени, прифатени и поддржани од граѓаните на Република Македонија ние долу потпишаните лидери на политичките партии дел од коалицијата „За подобра Македонија“ усвојуваме ДЕКЛАРАЦИЈА „Македонија 2020“.
Ние,Членовите на коалицијата „За подобра Македонија“, се обврзуваме дека ќе ги штитиме интересите на Република Македонија и македонскиот народ, како и интересите на припадниците на етничките заедници.
Заеднички ќе се залагаме за унапредување на стандардите на сите полиња и обезбедување просперитет на иднина на сите граѓани.
Наш стратешки приоритет останува зголемување на економскиот раст и навработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот.
Нема да отстапиме од стратешката определба за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Ќе вложиме максимални напори за борба против организираниот криминал и корупцијата и ефикасно спроведување на правото.
Ќе ги унапредуваме меѓуетничките односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и подеднаков третман на сите пред законот.
Ќе инвестираме во образованието, иновациите и информатичката технологија како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење.
Ние, Членовие на коалицијата „За подобра Македонија“, во следниот четиригодишен период ќе останеме посветени на реализирање на реформите и проектите кои ќе придонесат за развој и просперитет на државата. Во таа насока нашите најважни цели ќе бидат:
– Подобрување на животниот стандард преку унапредување на условите за бизнис на домашните и странските инвеститори, отворањето на нови работни места во приватниот сектор и ставање на посебен акцент на младите, поддршка на малите и средни претпријатија преку натамошно намалување на административните процедури и олеснување на пристапот до кредити, високи субвенции за земјоделците, зголемување на платите, пензиите и социјалната помош, поддршка закупување на сопствен дом, подобри здравствени и образовни услуги преку инвестирање во болници и училишта и обука на здравствениот и образовниот персонал, продолжување на  поддршката за туризмот и заштита на животната средина, изградба на нови автопати, регионални и локални патишта, изградба и модернизација на железничките коридори и јакнење на капацитетите за транспорт, изградба на енергетски капацитети, водоводи и комунална инфраструктура, отворање нови авио конекции и поддршка на изградбата на станови.
Ние,Членовите на коалицијата „За подобра Македонија“, се обврзуваме дека ќе водиме фер и демократска изборна кампања. Ќе ја цениме и почитуваме волјата на граѓаните и ќе промовираме позитивен и конструктивен пристап во политиката.
Свесни дека граѓаните сакаат крај на кризата во која бевме втурнати како држава, криза која донесе поделби, конфликтност и деструкција, ќе работиме неуморно на нејзино  надминување и во најдобар интерес на граѓаните.
Граѓаните сакаат, очекуваат и заслужуваат сите овие пречки и блокади кои СДСМ ги поставуваше изминативе две години да завршат и да бидат надминати. Граѓаните сакаат напредок и просперитет.
Граѓаните знаат кој има капацитет да го стори тоа и кому да му веруваат.
Затоа е тука Коалицијата „За Подобра Македонија“. Нашите ветувања тежат, а нашите зборови вредат. Сите заедно, можеме да помогнеме за  подобра иднина на Република Македонија
Да сте живи и здрави!
Да живее Република Македонија!Во продолжение интегрален пренос од обраќањето на Груевски за време на потпишувањето на Декларација за заеднички настап на изборите со политичките

Пронајдете не на следниве мрежи: