Груевски: Заев е длабоко заглавен во криминал и знае што го чека, затоа не отстапува од платформата

Причината зошто Зоран Заев не отстапува е многу јасна. Тој е длабоко заглавен во криминал со конкретни случаи, на пример случајот „Поткуп“. Тој е фатен  жив како бара мито и како кажува дека на сите им барал мито, тука е и случајот „Цареви кули“, случајот „Пуч“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето интервју за Канал 5 телевизија пред една недела.-Тој сака на овој начин да формира влада, по секоја цена тргувајќи со националните и државните интереси, да врши потоа притисок да се заборави неговата одговорност. Клучната причина зошто тој не се повлекува е бидејќи знае што следува во таква ситуација, кога некој политичар ќе направи криминал, вели Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека има многу примери во светот за тоа како завршиле политичари кои барале мито, на примет случајот во Словенија со Зоран Талер кој доби казна затвор.
-Заев е преплашен за неговата иднина, во однос на одговорноста за постапките кои ги направил. Тој по секоја цена сака одејќи директно против волјата на народот, пазарејќи се со се и сешто сака да го спречи тоа што му следува, истакнува Груевски.-Тој сака на овој начин да формира влада, по секоја цена тргувајќи со националните и државните интереси, да врши потоа притисок да се заборави него

Пронајдете не на следниве мрежи: