Груевски- Заниер: Единствениот излез од кризата се брзи предвремени парламентарни избори заедно со локалните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес заедно со партиска делегација составена од Никола Попоски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Илија Димовски и Александар Николоски оствари  средба со делегација на ОБСЕ предводена од Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата Генералниот секретар на ОБСЕ ги повтори јавно изнесените ставови за актуелните теми и области.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од Тиранската платформа  која се создаде под покровителство на соседна држава и преставува обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор, како и дека таквата платформа не беше гласана и не доби доверба од граѓаните на последните избори.
На средбата беше истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека е нарушен е принципот на коалицирање на победник со победник, кој што беше силно застапуван од ДУИ, но и од претставниците на меѓународната заедница, и пријателските држави. Нарушувањето на овој принцип значи исклучување на мнозинството Македонци од процесот на одлучување, што преставува изигрување на нивната волја изразена на последните избори.
Беше истакнато дека единствениот излез од кризата се брзи предвремени парламентарни избори, кои би можело да се одржат заедно со локалните избори на кој граѓаните би гласале за програми кои би биле понудени и однапред познати.
Беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за мултиетничка и граѓанска држава, во која подеднакво ќе се почитуваат правата на сите заедници, наместо бинационална каква што се фаворизира со тиранската платформа и партиите кои ја одобрија и прифатија, при што беше изнесена опасноста дека тоа би довело кон федерализација на државата и понатамошни тензии.
Во однос на темата граѓанско општество и организациите кои дејствуваат во државата од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека најголемиот дел од граѓанските организации се финансирани од еден ист извор Џорџ Сорос, а тие средства во Македонија се употребуваат најчесто за исти политики цели кои се во правец на една иста политички идеологија, на тој начин оневозможувајќи плурализам во граѓанскиот сектор. Десороризацијата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ пред се значи повеќе средства од владата за невладините организации со цел тие да не бидат зависни од еден ист извор, со цел воведување на плурализам во нивното дејствување.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата Генералниот секретар на ОБСЕ ги повтори јавно изнесените

Пронајдете не на следниве мрежи: