Груевски: Зголемување на пензиите и нов проект „Купи куќа за над 36 години“

Зголемување на пензиите 10,25 проценти во следниот четиригодишен период, продолжување на проектот „Купи куќа за млади“ и почеток на реализација на нов проект за купување куќа за над 36 години, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во 4. Изборна единица Никола Груевски.Пред жителите на радовишкото село Ињево Груевски рече дека проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа за над 36 години“ имаат низа поволности коишто треба да се искористат за луѓето да дојдат до сопствен дом. За проектот „Купи куќа над 36 години“ се предвидува субвенционирање на каматата и главницата во првите 10 години и тоа во првите седум години 60 проценти, а во следните три години 20 проценти.
– Ова е проект којшто го нема никаде во светот. Македонија е првата држава која што овозможува вакви бенефиции за своите граѓани за да можат тие да дојдат до сопствен дом, рече Груевски.
За пензионерите најави и продолжување на проектот „За бесплатна бањско-климатска рекреација“ со која ќе бидат опфатени 22.000 пензионери и бесплатен туристички викенд за 15.000 пензионери. Пензионерите ќе добијат можност и за попуст при набавката на производи во определени маркети, како и можноста за набавка на стоки и услуги од широката потрошувачка на рати.
Осврнувајќи се на проектите во земјоделството, Груевски напомена дека во следниот четиригодишен период ќе продолжи субвенционирањето во земјоделството за што се планирани околу 600 милиони евра и 35 милиони евра за реконструкција на водоводи и за набавка на нова опрема и механизација. Исто така, ќе се продолжи и со чистење на најмалку 100 километри канали годишно за што ќе се набави соодветна механизација во вредност од 3,5 милиони евра.
За Ињево се планира изградба на нова спортска сала и реконструкција на пристапниот пат до селото, како и изградба на нов експресен пат од Штип до Радовиш, а Здравствениот дом во Радовиш ќе добие девет нови медицински апарати.Пред жителите на радовишкото село Ињево Груевски рече дека проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа за над 36 години“ им

Пронајдете не на следниве мрежи: