Груевски:Доколку СДСМ ги прифати барањата на ДУИ, ние сме подготвени да одиме во опозиција

Доколку СДСМ ги прифати барањата на ДУИ, ние сме подготвени да одиме во опозиција и како опозиција ќе направиме се што е во наша моќ да не се прифатат во Парламентот барања кои се нелогични и штетни за целата држава, изјави во интервју за ТВ НОВА, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Со вакви барања не им се помага ни на Македонците ни на Албанците, туку само ќе им ги нарушат мирот и стабилноста и ќе создадат дополнителна нетрпеливост која во некои случаи е видлива и ќе не раскара дополнително, смета Груевски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија би сакала да им помогне на сите граѓани.
-Ние сакаме да им помогнеме на сите граѓани, и на Македонците и на Албанците и на Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, Србите и другите да имаат подобар живот преку економијата, нови работни места, зголемени плати, пензии, социјална помош, вработувања, подобри можности за младите, постарите, пензионерите, земјоделците, образованието и здравството. Сакаме да помогнеме и ако некаде има проблеми со употребата на јазикот, но да е логично, објасниво и кога ќе го каже некој некаде да се разбере. Но не да е нешто нелогично, со што некој сакаше да направи пресврт во изборите, да ги залаже албанските гласачи со некои национал-романтични понуди со кои во суштина нема да добијат ништо посебно, но ќе направат голем проблем и штета насекаде низ државата, вклучувајќи и големи финансиски издатоци и проблеми во секојдневниот живот, посочи Груевски.
-Со вакви барања не им се помага ни на Македонците ни на Албанците, туку само ќе им ги нарушат мирот и стабилноста и ќе с

Пронајдете не на следниве мрежи: