Јуија Волкова и Лена Катина, членките на суакото дуо Т.А.Т.У. напавија светски успех и ја раздрмаа хомофобната руска заедница, а потоа исчезнаа. Поради лични недоразбирања групата се распаднала, а денес имаат не баш успешни соло кариери.Бендот првиот голем успех го оствари со деби синглот „All the Things She Said“. Спотот за оваа песна предизвика големи полемики бидејќи Јулија и Лена се бакнуваат на дожд облечени во училишни униформи.
Девојките снимија шест албуми и тоа три на руски и три на англиски јазик. Нивниот албум „200km/h in the wrong Lane“ направи голем успех ширум светот.
Поради лични недоразбирања во 2011 година објавиле дека повеќе нема да работат заедно. До 2012 година продале повеќе од 25 милиони албуми. На Олимписките игри во Сочи настапија заедно, но иако неколку пати најавуваа дека повторно ќе го оформат бендот, поради расправии и недоразбирања не дојде до тоа.
Јулија Волкова моментално го снима својот прв албум. Во една украинска емисија изјавила дека не би имала проблем доколку ќерката ѝ биде лезбејка, но доколку би имала син, случајот не би бил ист.
„Би го осудила затоа што верувам дека мажот мора да биде вистински маж. Бог го создал мажот поради размножување. Мажот за мене е поддршка, сила… Нема да прифатам геј син. Две девојки заедно, тоа не е исто како двајца мажи заедно. Естетски ми изгледа многу поубаво отколку двајца мажи кои се држат за раце или се бакнуваат“, вели Јулија.
Значи, за неа тоа е прашање на естетика?
„Сакам да кажам дека не сум против хомосексуалците, само сакам мојот син да биде вистински маж, а не пе… Имам многу геј пријатели и верувам дека е подобро да се биде геј отколку да убива, краде или наркоман. Да се биде геј е малку подобро од тоа“, рекла и ја шокирала ЛГБТ заедницата.
Лена Катина ја обвинила за уцена, што оваа демантирала.
Катина пред деве години се омажила за своето момче, словенечки музичар Саша Кузмановиќ кој има српско потекло.
Минатата година на концерт во Рим објавила дека очекува дете, а во август 2015 го роди малиот Александар.Бендот првиот голем успех го оствари со деби синглот „All the Things She Said“. Спотот за оваа песна предизвика големи полемики бидејќи
Пронајдете не на следниве мрежи:



