Гвардиола размислува, му нудат 22 милиони евра по сезона

Половина од фудбалската сезона во Европа измина, а толку помина од заминувањето на Пеп Гвардиола од фудбалот, односно, од моментот кога го напушти тренерското место во Барселона.
Многу клубови во меѓувреме се јавуваат на адреса на Гвардиола, заинтересирани се Баерн, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Париз Сент Жермен.
Секогаш покрај тие клубови стоеше и Челзи како потенцијална екипа која Гвардиола може да ја преземе, па и покрај тоа што истата таа екипа ја исфрли неговата екипа во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Наводно, во моментов Пеп Гвардиола сериозно размислува околу понудата која ја испрати на негова адреса богатиот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, за една сезона Гвардиола би имал заработка од неверојатни 22 милиони евра.
Рафа Бенитез е новиот човек на клупата на Челзи, но како што пренесуваат англиските медиуми, лесно може да дојде до промена на клупата на Челзи, се шпекулира дека Бенитез би заминал најдоцна на крајот од сезоната. Бенитез и понатаму во потполност е неприфатен од страна на навивачите на Европскиот Шампион.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Половина од фудбалската сезона во Европа измина, а толку помина од заминувањето на Пеп Гвардиола од фудбалот, односно,

Пронајдете не на следниве мрежи: