Гвардиола се договорил со Манчестер Сити?

Англиските медиуми се распишаа околу Пеп Гвардиола во последно време, прво наводно се шпекулираше дека некогашниот тренер на Барселона ќе го преземе Челзи, а сега „Сан“ пренесува дека од лето тој доаѓа во Манчестер Сити.
Италијанскиот тренер Роберто Манчини по се изгледа му е многу тешко на клупата на Манчестер Сити. Во оваа фаза од Премиерлигата неговата екипа зад Манчестер Јунајтед заостанува дури седум бодови, а челниците на клубот се незадоволни бидејќи Манчини втора година по ред во Лигата на Шампионите испадна уште во групната фаза. Сето тоа кога би се собрало би можело да значи краен отказ за тренерот на Манчестер Сити на крајот на сезоната, ако не и порано.
„Договорот меѓу Сити и Гвардиола е постигнат, и тоа не со 99% сигурност, туку за 100%. На лето Гвардиола доаѓа во Манчестер Сити“
Така „Сан“ пренесува и тоа од доверлив извор, а се пренесува дека Гвардиола годишно би заработувал околу 10 милиони фунти.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Англиските медиуми се распишаа околу Пеп Гвардиола во последно време, прво наводно се шпекулираше дека некогашниот тре

Пронајдете не на следниве мрежи: