Х-Faktor: Жељко го третира Даниел Кајмакоски како крал!

Даниел Кајмаковски, Харис Чато, Алекса Перовиќ и Лукијан Ивановиќ повеќе не живеат во хостел заедно со останатите учесници од финалето на „X-Factor“.Како што пренесуваат српските медиуми, нивните ментори во ова натпреварување Жељко Јоксимовиќ и Емина Јаховиќ одлучија да ги изолираат своите натпреварувачи од останатите кандидати.
Жељко нашиот Даниел го пресели во хотел, а во текот на минатата недела Емина за своите штитеници изнајмила цел кат од една луксузна куќа на Дедиње.

– Емина одлучи Алекса, Харис и Лукијан да добијат сместување какво што имаат многу светски ѕвезди. Таа им изнајми една вила во која тие ќе можат да имаат мир и можност квалитетно да се подготват за настап, вели извор близок до популарната пејачка за српски Курир и додава дека таа за своите натпреварувачи се однесува како мајка. Емина неколку пати на денот се слуша со нив по телефон, а на секого му купува и подароци.

Тројцата најмлади учесници во ова шоу веќе неколку дена уживаат во куќата, а Лукијан вчера таму го прослави и својот 21-ви роденден.
Инаку, и Даниел не живее со останатите натпреварувачи од „X-Factor“. По испаѓањето на Младен Луќиќ, неговиот ментор Жељко Јоксимивиќ одлучи да го префрли во хотел со цел на мира да може да се подготвува за настапот. Тој ја презеде целата грижа за нашиот натпреварувач, па така го плаќа и сместувањето.
Финалистите православна нова година ќе ја дочекаат вечерва во Нови Сад, и тоа со пејачите Жељко Јоксимовиќ, Наташа Беквалац, Јелена Томашевиќ и Никола Роквиќ.Како што пренесуваат српските медиуми, нивните ментори во ова натпреварување Жељко Јоксимовиќ и Емина Јаховиќ одлучија да ги изолираат своите натпр

Пронајдете не на следниве мрежи: