Хан, Арсовска и Економи ќе го отворат „ЕУ- Западен Балкан инвестицискиот форум“ организиран од Европската комисија

Европскиот комесар Јоханес Хан, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија(ССК), Данела Арсовска и министерот за економија на Албанија,  Милва Економи,  ќе го отворат „Форумот за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“, кој ќе се одржи утре во Белград.а првата панел сесија Хан, Арсовска и Економи заедно ќе дискутираат за структурните реформи потребни за подобрување на инвестициската клима, регионалната економска интеграција како и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ.
Лидерите на Западен Балкан креатори на економските политики, инвеститорите на ЕУ, регионалните и локалните бизниси на тематските панел сесии ќе разговараат и за моделите кои водат кон зголемено учеството на приватниот сектор во креирањето и спроведувањето на структурните реформи.
Конференцијата е организирана од страна на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија и има за цел да ја истакне важноста на координацијата на економските политики за унапредување на економскиот и општествен напредок, во стратегијата на проширување на ЕУ.
Конференцијата се одржува само две недели по годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и Турција во Брисел.а првата панел сесија Хан, Арсовска и Економи заедно ќе дискутираат за структурните реформи потребни за подобрување на инвестициската клима, регион

Пронајдете не на следниве мрежи: