Хан изразил загриженост за масовните протести

Еврокомесарот Јоханес Хан изразил загриженост од масовноста на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и неговиот став бил дека тоа може да предизвика некои дополнителни тензии, откри вечерва во Дневникот на Сител пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.-Нашиот одговор беше дека тензиите во државата не ги произведуваат граѓаните, тензиите во државата ги произведуваат некои полиитчки партии и некои можеби странски актери, кои што сметаат дека на оваа држава и на овој народ со сила можат да му наметнат одредени решенија кои што ќе го занемарат мислењето и гласот на народот. Од наша страна беше потенцирано дека ние можеме да кажеме како и на кој начин ќе се однесуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, но ние не можеме да кажеме и да гарантираме како ќе се однесува народот кој што има своја зрелост и свој мотив да го изрази своето чувство на улиците во Скопје и во другите градови од државата, рече Милошоски.-Нашиот одговор беше дека тензиите во државата не ги произведуваат граѓаните, тензиите во државата ги произведуваат некои полиитчки партии и некои

Пронајдете не на следниве мрежи: