Хаос во Швајцарија: Моторџии фрлале флаши по Рада!

Манојловиќ не е повредена но нејзиниот колега доби флаша по глава!Рада Манојловиќ и нејзиниот колега Стефан Цвијовиќ Цвија едвај извлекле жива глава за време на гостувањето во Швајцарија. Всушност во дискотеката „Флеш“ во текот на нивниот настап, влегла група од 30 моторџии кои физички се пресметале со гостите во дискотеката.
Сето тоа било проследено со масовна тепачка, а почнале да летаат и шишиња на бината. Рада за среќа не е повредена, но Цвија имаше помалку среќа, па си доби шише по глава…
– „Моторџии влегоа внатре и бараа да им пее… Рада отпеа неколку песни кои и ги побараа, меѓутоа тие од непознати причини ги нападнале гостите, по што започна масовната тепачка. Летаа флаши на сите страни, се додека не дојде полицијата – вели очевидец на настанот.
Манојловиќ не крие дека се исплашила:
– Се беше како во филм и бев исплашена. Видов дека Цвија е повреден и во таква состојба се стрча накај мене за да ме заштити. Се надевам дека никогаш повеќе нема да ми се случи вакво нешто – вели убавата Рада Манојловиќ.Рада Манојловиќ и нејзиниот колега Стефан Цвијовиќ Цвија едвај извлекле жива глава за време на гостувањето во Швајцари

Пронајдете не на следниве мрежи: