Хелмут Кол смета дека приемот на Грција во ЕУ бил грешка

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол во својата нова книга го обвинува Герхард Шредер дека дозволил Грција да се соедини кон еврозоната, а сегашните светски лидери за тоа дека ја изолирале Русија за време на украинската криза.Во книгата „Од загриженост за Европа“, која ќе излезе в среда, Кол го критикува социјалдемократот Шредер (кој владеел во периодот 1998-2005 година), кој во неговите очи е виновен дека се согласил Грција да влезе во еврозоната во 2001 година.
Тој го критикува дека помогнал во 2003 година Германија и Франција, управувана во тоа време од Жак Ширак, да добијат право да не го почитуваат Пактот за стабилност и растеж. Па, така двете страни се наоѓаат надвор од дефицитарниот праг од 3% од БДП, одобрен од Брисел.
– Овие две одлуки се меѓу најголемите грешки направени во последните години во ЕУ – смета таткото на обединувањето на Германија.
Она што се случи, всушност, не и прави чест на германската политика и истовремено е предавство за француско-германската соработка, смета Кол.
Во главата посветена на Русија, тој ги критикува западните лидери кои според него ја изолирале Русија за време на украинската криза. Како пример тој ја дава одлуката на Г- 7 минатиот јуни да организира самит без Русија.
Западните земји треба да внимаваат  да не го уништат она што го постигнавме во минатото, предупредува Кол, кој ќе ја претстави својата книга денес во Франкфурт во друштво на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.Во книгата „Од загриженост за Европа“, која ќе излезе в среда, Кол го критикува социјалдемократот Шредер (кој владеел во периодот

Пронајдете не на следниве мрежи: