Хенес ја отфрла можноста за трансфер на Нејмар во Баерн Минхен

Откако го срушија трансфер рекордот во Бундес лигата последново лето со доаѓањето на Хави Мартинез од редовите на Атлетик Билбао, раководството на Баерн Минхен, поточно претседателот на тимот од Минхен, Ули Хенес, ја отфрла можноста за расфрлање со многу пари во иднина за засилувања.
Со тоа веројатно сака да се укаже на тоа дека доаѓањето на Нејмар е многу тешко, чиј договор со Сантош истекува во 2014-тата година, и се поверојатно е дека ќе се продолжи.
„Не верувам дека ќе дадеме повеќе пари од оние 40 милиони кои ги дадовме за Хави Мартинез'', дециден во својата изјава беше Ули Хенес во изјава за германските медиуми.
Останува да видиме што ќе се случува на лето со доаѓањето на Пеп Гвардиола, кој ќе го предводи минхенскиот тим, а уште поинтересно ќе биде да видиме кој ќе ги засили редовите. Баерн моментално е беспрекорен во Бундес лигата, а е на добар пат и да продолжи во наредната рунда од Лигата на Шампионите.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Откако го срушија трансфер рекордот во Бундес лигата последново лето со доаѓањето на Хави Мартинез од редовите на Атле

Пронајдете не на следниве мрежи: