Хероите се познаваат и по поразите: Фудбалерите на Турново испратени со искрен аплауз на „Филип Втори“

Хоризонт Турново со 1-1 на реваншот на домашен терен со Хајдук испадна од второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лига Европа, откако Хајдук беше поуспешен со 2-1 на домашен терен.Чакташ во 60-тата минута од мечот ги доведе гостите од Сплит во водство од 0-1, откако првиот дел заврши без голови, односно 0-0.
Вториот дел се одвиваше со висок интензитет на играта, Турновци по примениот погодок се отворија, заиграа повеќе офанзивно и резултатот дојде во 70-тата минута кога Сашко Пандев, кој како резерва влезе во вториот дел, израмни на 1-1.
Објективно гледано, и двете екипи имаа изгледни прилики за водство од 2-1, односно 1-2, но мрежите потоа мируваа.
Турново може да жали за елиминацијата, пропушти мошне добри и колосални прилики за водство и продолжение на мечот, но зицер шансите не беа претворени во погодок.
Публиката на крајот од мечот со аплауз ја награди оваа пожртвувана и фантастична игра на Хоризонт Турново, а од друга страна и фудбалерите на Хајдук од Сплит доби искрен аплауз од Македонската публика.
Сума суманито, ова беше и повеќе од успешна презентација на мак фудбалот од страна на Хоризонт Турново, за овој подвиг уште долго ќе се зборува… Браво момци!
Фото: index.hrЧакташ во 60-тата минута од мечот ги доведе гостите од Сплит во водство од 0-1, откако првиот дел заврши без голови, о

Пронајдете не на следниве мрежи: