Швајцарскиот фотограф Лоренцо Винчигвера, кого исламските екстремисти на Филипините преку две години го држеле како заложник, успеа да се спаси така што на чуварот му го пресекол вратот.Винчигвера (49) и холандскиот фотограф Еволд Хорн, во февруари 2012 година беа заробени од страна на припадниците на исламистичката организација „Абу Сајаф“, во јужната филипинска провинција Тави-Тави, каде што дошле да набљудуваат и да снимаат птици.
Винчигвера го искористи моментот кога во џунглата изби вооружен судир помеѓу побунениците и владините сили. Тој почнал да се бори со едниот од чуварите и успеал да му ја земе мачетата со која му го пресекол вратот.
Му довикнал на својот колега да бега, но тој бил премногу болен и слаб за да може да трча. Во моментов се чува под полициска заштита.
Воената офанзива против групата „Абу Сајаф“ почна во октомври. Ова е најозлогласената група од сите побуненички групи на муслиманскиот југ од земјата, во кој преовладува христијанската вера.
Винчигвера (49) и холандскиот фотограф Еволд Хорн, во февруари 2012 година беа заробени од страна на припадниците на исламистичката организација &b