„Херојот“ од улицата: Направил 302 прекршоци и пак ќе вози

Без возачка и нерегистриран автомобил, сакал да и побегне на полицијата. Возел со брзина од 150 километри на час, а потрата завршила откако удрил во две канти за ѓубре.
Откако успеале да го извлечат, полицијата веднаш го препознала- Дарио Петровиќ (27). Тој го заработил својот 302 прекршок. Првенствено го однеле на трезнење- му биле измерени 1,71 промили алкохол, а откако дошол при свест, веднаш го однеле во судница каде му била изречена парична казна од 15.000 куни.
Тоа воопшто не го исплашило, баш напротив тој се смета за херој на улицата. Тој изјавува: Ни еднаш не сум платил казна па нема ни сега.Ќе одам во затвор, па, нема да ми биде прв пат.
Тој претходно бил во затвор 22 дена но постојано стигнувале пресудите од сите прекршоци па поминал две години во затвор.
Дарио вели: Ни овој пат нема да поминам добро, немам од каде да најдам 15.000 куни. Заработувам собирајќи отпад. Откако ќе излезам од затвор пак ќе седнам зад воланот. Кога ќе седнам во мојот стар автомобил, па уште ако имам пиено, се чувствувам како херој.
Безобразниот возач до сега има 302 сообраќакајни прекршоци. Две години поминал во затвор. А пак 39 пати е фатен како во алкохолизирана состојба управува со автомобил.
За компарација еден возач од Америка е осуден на доживотен затвор затоа што девет пати бил фатен како вози пијан.Без возачка и нерегистриран автомобил, сакал да и побегне на полицијата. Возел со брзина од 150 километри на час, а по

Пронајдете не на следниве мрежи: