ШОКАНТНО: На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

ШОКАНТНО: На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Бројки од кои боли глава. И тоа во време кога во секој дом се зборува за ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА и за цената на струјата. Кој стои зад овие централи и како ова стана бизнис на векот!

Според Државниот завод за ревизија, голем дел од малите хидроцентрали се нелегални

Во периодот од 2012 до 2021 на малите хидроелектрани им биле платени 41 милион евра повеќе во однос на пазарната вредност поради користење на законски предвидливите повластени тарифи врз основа на договорите со важност од 20 години, констатирале ревизорите при направената ревизија за експлоатацијата на водните ресурси при производство на електрична енергија.

Од Државниот завод за ревизија денеска информираа дека постапките за доделување концесии за изградба на мали хидроелектрани се спроведени без направена оценка на влијанието врз животната средина, а поради слабости при планирањето и изборот на локации, не се склучени договори за концесија за околу 65 проценти од објавените локации.

– Слабостите при издавањето на дозволите и неефикасната контрола од страна на надлежните институции овозможиле во одредени периоди користење на вода и без обезбедена дозвола за водно право. Надлежното Министерство не располага со конкретни податоци за примените барања и издадените дозволи за водно право и не е обезбедена достапност на истите за инспекциските служби, се наведува во ревизорскиот извештај.

Кој ги прави големите пари во малите хидро-централи?

Ревизорите констатирале дека од малите хидроелектрани кои се повластени производители не се уплатени 22,8 милиони денари во Буџетот, што претставува 41 процент од вкупно пресметаниот надоместок.

Во извештајот се посочува дека Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање немаат доволно капацитети и меѓусебна координација за следење на концесиската дејност, а од друга страна Инспекторатот за животна средина нема доволно инспектори за да спроведе ефикасен инспекциски надзор над хидроелектраните.

Ревизорите посочуваат дека за дел од доделените локации има застој во постапката кој не може да препише како вина на концесионерот, а дел се опфатени во заштита на појас за национален парк поради што постои можност договорите да бидат раскинати што ќе има можни финансиски импликации врз Буџетот.

За надминување на сите констатирани состојби, ревизорите препорачуваат да се разгледа можноста за пазарно прилагодување на повластените тарифи, донесување на методологија за определување минимум прифатлив проток на водите и воспоставување на регистри на издадени дозволи и доделени концесии и целосна наплата на надоместоците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.