Хилари Клинтон можеби ќе биде обвинета за велепредавство

Американската ТВ станица „Фокс њуз“ денеска објави дека „властите се убедени оти постојат околу 99 отсто шанси дека до пет странски разузнавачки агенции можеби пристапиле и преземале мејлови од приватниот сервер на Хилари Клинтон“.„Фокс њуз“ се повикува на „два одделни извори коишто имале интимен увид во истрагата на ФБИ“, а британски „Индипендент“ тоа го протолкува како можно покревање на федерално обвинение против Хилари Клинтон.
Американската телевизија поради овие информации го контактираше одговорниот на Комитетот за државна безбедност на претставничкиот дом на Конгресот, Мајкл Мекол, којшто начинот на кој Клинтон се однесувала кон системот за електронско комуницирање додека била државен секретар на САД, го карактеризирал како „велепредавство“.
„Таа откри информација на нашите непријатели. Нашите противници поседуваат чувствителна информација… Според моето мислење, тоа е велепредавство“ – изјавил Мекол.
Мекол, кој е конгресмен од Тексас, изјави и дека директорот на ФБИ претходно му кажал дека противници на САД од странство веројатно влегле во серверот на Хилари Клинтон.„Фокс њуз“ се повикува на „два одделни извори коишто имале интимен увид во истрагата на ФБИ“, а британски „Индипенден

Пронајдете не на следниве мрежи: