Хилари Клинтон прогласена за мртва?!

Новинар на њујоршката телевизија Еј-Би-Си направи тежок лапсус кога објави дека починала кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон.-Емисијата ја започнуваме со вонредни вести за смртта на Хилари Клинтон, рече водителот Џо Торес во емисијата, емитувана во неделата, а откако беше објавено дека на поранешната државна секретарка ѝ се слошило.
Потоа тој рече дека докторите кај Хилари Клинтон дијагностицирале воспаление на градниот кош и потоа со колешката продолжи да разговара за здравствената состојба на кандидатот на демократите.
-Во текот на воведот во приказната за здравјето на Хилари Клинтон емитувана во живот, Џо Торес ненамерно рече „смрт“ наместо „здравје“, информира потпаролот на ТВ станицата.
Според неговите зборови, јасно е од контекстот на приказната, информацијата на новинарот и графиката на екранот дека Клинтон е жива и дека се опоравува.-Емисијата ја започнуваме со вонредни вести за смртта на Хилари Клинтон, рече водителот Џо Торес во емисијата, емитувана во неделата, а откако беше

Пронајдете не на следниве мрежи: