Хит на денот на Фејсбук: Белешката на Владимир Поп Христов наменета за марихуаната!

Loading...

Оваа ФБ белешка ја напиша на својот Фејсбук профил Владимир Поп Христов!„Е, дете, дете, ти гледам попаметен си од мене, учиш два факултета, а веќе си станал наркоман. Пази се, викаат од марихуана лесно се преоѓа на хероин или на кокаин.Напротив, си мислам, од глупост се преоѓа на хероин, а од пари, моќ и власт, на кокаин. Си мислам, ама не изговарам. Полицаецот што ме фати како пушам џоинт ме гледа со татковски поглед. Се наоѓам во еден наш мал, прекрасен град. Му благодарам на полицаецот што беше човечен со мене. Тогаш, навистина ми се поклопија стрелките на часовникот. Студирав книжевност, а успеав да запишам филмска режија. Личната карта ми беше во процедура, па од некој суетен ќеф ги носев двата индекса со мене. Тогаш, пред тринаесет години, кога имав дваесет, летото одлучив да одам два месеца пеш низ Македонија, да се шлаам низ градовите, да ги запознаам луѓето од селата, да преспијам во сите манастири, да се загубам низ планините, шумите и ливадите. Тогаш, буден сонував, ја читав „На пат“ од Џек Керуак, како да е Библија, го знаев напамет Ален Гинзбер и одев цели четириесет и пет дена низ Македонија, со ранец и вреќа за спиење на грбот. На една нива среде ниска планина налетав на билка марихуана. Бабата на која сакав да и побарам вода, а си работеше на нивата, ми пристапи и со насмевка ми рече: „Синко, не ми ја кради чуварката!“ Си разговарав околу половина час со неа. Ќе се обидам колку што можам поточно да ви пренесам што ми рече бабичката… Јас си ја викам чуварка, а порано ја викавме божја трева. Се одгледува без проблем, само сонце и вода и треба, синко, а понекогаш земјата и сама ја раѓа. Ни ги чува зеленчукот, овошките и житото, ниту една гадинка не им се приближува и не ни требаат модерните отрови за да ги прскаме, па ете си јадеме патлиџан од сонцето наранет. Си правиме и масло од неа, не треба да го купувам. Кошула и пантоли ако ти направам, сто години нема да се искинат. Што и да ме заболи, чајот од чуварката ме лекува. А ете, дедово мој, понекогаш ќе си ја свитка како тутун и мирен сон си има… Ја прашувам како дедото нејзин, дали е добар, да не се тресе без тревка, дали ја малтретира по дома. Ироничен сум, сакам да го чујам баш она што ќе го чујам… Пу, пу, скраја да е, ми вели, ене го горе, со овците е… Дедото нејзин да ти имал осумдесет и девет години. Уште нешто ми кажа што никогаш нема да го заборавам… Порано и денес и божјата трева и афионот не се исти билки. Билките си се исти, да не ме разбереш погрешно, ама луѓето направија да не се исти. Кога си беа наши, тие ни беа живот, кога државата ни ги зема, станаа дрога… И благодарам на бабичката за просветлението. Подоцна истражував и сам. Томас Џеферсон, претседател на САД и масон има патентирано алатка за двоење на цветот од гранките на канабисот. Првите автомобили на „Форд“ возеле на канабисово гориво.Најквалитетната хартија се правела од божјата трева. Што земјата сама ја раѓа. Значи, не требало нафта за храна, не требало да се сечат шумите, не требале аптеки. Ама гадовите го окупираа светот и божјата трева во почетокот од педесетите години на дваесеттиот век стана зло. Наскоро, верувајте ми на зборот и сета вода на планетава ќе стане отровна, освен онаа што тие ја продаваат. Кај и да е, ќе пристигнат и тие кампањи, ќе видите и сами. Не ми се смејте со таа глупава антитеорија на заговор, насмевка, процесот е започнат.Ете, им дадов сочна храна, на оние што се ежат од моите текстови, на разните ајвани што бараат да ме забранат. Ако, се надевам дека им ги наполнив устите со моето наркоманско зло и веќе нема да ги читаат овие реченици. Пријателката која прва ги прочита овие редови, пред да ги испратам на редакцијата, ми рече, искреноста ќе те убие. Нека ме убие, јас и онака не верувам во смртта на душата, па му доаѓам нешто како талибанец што не се плаши да се разнесе, а искреноста боли ако ја удавам во себе, јас да бев хомосексуалец, ни пет минути немаше да издржам во плакар.“
 „Е, дете, дете, ти гледам попаметен си од мене, учиш два факултета, а веќе си станал наркоман. Пази се, викаат о

loading...
Loading...