Ходниците и чекалните во Здравствен дом Скопје се празни, „Мој Термин“ одлично имплементиран

Ходниците и чекалните се празни, а бројот на услуги кои ги дава Здравствениот дом во Скопје од година во година сѐ повеќе расте, истакна денес министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на поликлиниката Букурешт каде беше отворен кабинет за страбизам.-Ако во 2011 имало 388.000 услуги кои ги дале, оваа година ќе биде некаде околу 500.000. граѓаните се повеќе му веруваат на јавното здравство и се повеќе услугите ги бараат и добиваат во јавното здравство. Системот „Мој Термин“ овозможи пациентот да си закаже термин да дојде тогаш, да ја добие услугата без да има поголеми чекања и турканици во ходниците. Пример за тоа е Здравствен дом Скопје кој одлично го има имплементирано системот „Мој Термин“, посочи Тодоров.
Има над 1.700 пациенти годишно кои се упатувани на клиника за оваа дијагностичка процедура, од кои најмалку 300 се упатувани од Здравствен дом Скопје.
-Со отворањето на овој нов кабинет сите овие пациенти ќе може здравствената услуга да ја добија во Здравствениот дом во Скопје, потенцираше министерот.-Ако во 2011 имало 388.000 услуги кои ги дале, оваа година ќе биде некаде околу 500.000. граѓаните се повеќе му веруваат на јавното здравство и се

Пронајдете не на следниве мрежи: