Холанѓаните ќе добијат „вселенски“ подарок доколку го освојат Светското првенство

Дербито од вториот ден од осминафиналето од Светското првенство секако е вечерашниот дуел помеѓу Холандија и Мексико.Фаворит е екипата од Европа, која беше првопласирана со три победи во својата група, а непосредно пред дуелот со солидните „сомбрероси“ Холанѓаните добија уште еден необичен мотив.
Компанијата SXC одлучила да ги награди со патување во вселената доколку го освојат првенството.
Оваа фирма се занимава со организирање на туристички патувања во вселената, а по прекрасниот гол на Ван Перси против селекцијата на Шпанија, одлучиле им понудат несекојдневен подарок.
Инаку, цената за едно вакво патување изнесува 70.000 евра, па сосема е јасно дека Холанѓаните со сета сила ќе излезат денес против Мексиканците.
 Фаворит е екипата од Европа, која беше првопласирана со три победи во својата група, а непосредно пред дуелот со солидните „сомбрероси“

Пронајдете не на следниве мрежи: