Хорор: Откриени 800 скелети на деца во септичка јама

Како причини за смртта на бебињата се наведуваат неухранетост, осипи, туберкулоза и слично.Масовната гробница е откриена покрај една установа во Ирска, каде од 1925 до 1961 година доаѓале девојки кои забремениле пред да се омажат, но и жени кои останале немажени до опдредена возраст.
Од ирските медиуми се сомневаат дека на овие бебиња се гледало како на закана за ирското конзервативно религиозно општество, па затоа се водела минимална грижа за нив.
Во друга слична установа пак, исто во Ирска, од 120 родени бебиња едвај половина преживеале.
Според статистиката, една четвртина од бебињата во Ирска во 30-тите години на минатиот век кои биле вонбрачно зачнати не го доживеале својот прв роденден.
Децата пак кои преживеале биле насилно посвојувани, најчесто во САД. Од 1945 до 1965 година биле посвоени околу 2 200 деца.
Многу документи од тој период се уништени, а на мајките не им било дозволено да си ги гледаат децата. Биле присилени на три години принудна работа, постојано носеле униформи, а и имињата им биле променети.Масовната гробница е откриена покрај една установа во Ирска, каде од 1925 до 1961 година доаѓале девојки кои забремениле пред

Пронајдете не на следниве мрежи: