Хорор во Австралија: Македонка ја убила мајка си!

Студентка во Бризбејн, Австралија е осомничена за убиство, откако нејзината мајка била пронајдена мртва во нивниот дом, пренесуваат австралиските медиуми.Се работи за дваесетгодишната Симона Зафировска со македонско потекло, која се сомничи за грозоморно убиство на својата мајка, Радица Зафировска.
Полицијата го нашла телото на Радица на вториот кат од семејната куќа, а јавуваат дека раните по нејзиното тело биле застрашувачки и веројатно се направени со тапи предмети.
Мотивите сè уште не се познати, а Симона утре ќе биде изнесена пред суд.
Според австралиските медиуми, Радица и Симона важеле за мирни соседи и никогаш немало проблеми со нив. Радица била вработена како хигиеничарка, а Симона сè уште била на студии.
Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.Се работи за дваесетгодишната Симона Зафировска со македонско потекло, која се сомничи за грозоморно убиство на својата мајка, Радица Зафировска.

Пронајдете не на следниве мрежи: