Дваесетиедногодишен маж се удавил во базенот во вилата во Лос Анџелес која ѝ припаѓа на актерката Деми Мур. Полицискиот поручник Фред Корал изјавил дека мажот е пронајден денес во 17: 30 часот. Полицијата одговорила на повик во службата за итни случаи 911.Водникот А. Боне рекол дека актерката за време на случувањето не била во вилата и дека личноста која се удавила не била член на нејзиното семејство, но дека познавала некого кој имал пристап до базенот. Идентитетот се уште не е познат.
Кога полицијата пристигнала на местото затекнала помала група личности околу неговото тело.
Властите соопштиле дека децата на Деми Мур го користеле базентот за забави, но се уште не е утврдено дали денес имало забава.
Преставниците на познатата актерка не се достапни за коментар.Водникот А. Боне рекол дека актерката за време на случувањето не била во вилата и дека личноста која се удавила не била член на нејзиното семејство



