Хорор за секоја девојка: СМС-пораки од бившите од кои се крева косата на главата!

Иако има и девојки кои по раскинувањето умеат да го „прогонуваат“ поранешното момче, мажите се подеднакво склони на тоа, а СМС-пораките се идеални за вакво нешто.Врската заврши, а тој не може да го преболи тоа… Почнува да ве опсипува со пораки, надевајќи се дека ќе согледате колку тој е прекрасен и ќе се предомислите во врска со раскинувањето.
Ова се типични пораки со кои момците ги „замараат“ поранешните девојки:
„Дали се уште мислиш на мене?“: Ултимативна порака со која поранешниот тестира дали се уште се грижите за него, а најчесто стига во моментот кога се обидуате да продолжите со животот. Што друго да кажеме…Игнорирајте!
„Ми недостигаш!“: Овој вид порака често можете да ја добиете откако ќе налетате на поранешниот со пријателите. Тогаш тој ќе вообичаено се присетува колку прекрасно ви било заедно и како не требал да ве остави. Зад ваквата порака вообичаено стои желба за смирување и обновување на прекинатата врска.
„Се сеќаваш на нашето омилено место?“ Ваква порака толку многу иритира што во истиот момент предизвикува гнев. Веројатно ќе почувствувате љубомора кај него, а ако допишувањето продолжи се отвора Пандорината кутија на СМС-пораките: Планираш ли да одведеш некој друг на нашето место? Знае тој што ти подарив јас?
„Уште мислам на тебе“ Тој тукушто бил на концерт на вашиот омилен бенд и сфатил колку му недостигаш. Некогаш е во прашање симпатична содржина, но пред да одговорите било што, сетете се дека љубовта е поранешна со причина.
„Те молам одговори ми“: Ова е порака што најчесто се добива веднаш по раскинувањето или кога на Фејсбук или Инстаграм ќе ставите слика во друштво на нему непозната особа. Во тој момент, на поранешниот му текнува што пропушта, но предоцна е.
„Само проверувам како си“: Иако оваа порака на прво поглед изгледа наивно, веројатно ќе се повтори во неколку наврати по раскинувањето. Правилното толкување е дека тој всушност сака да ви каже дека не треба да се чувствувате добро без него.
„Здраво, гледам дека добро се забавуваш. Се надевам дека си добро“. Порака што обично се добива откако тој го прегледал вашиот Фејсбук или Инстаграм профил и сфаќа дека ви е сосем добро и без него. Ваков вид на порака може да ви се види симпатичен, додека не сфатите дека животот ви е многу подобар без него. Така и нека остане.Врската заврши, а тој не може да го преболи тоа… Почнува да ве опсипува со пораки, надевајќи се дека ќе согледате колку тој е прекрасен и ќе се п

Пронајдете не на следниве мрежи: