Хороскопот и верноста

Овен- за нив сексот е поважен од љубовта, често имаат тајни љубовни врски за кои многу малку луѓе знаат. Не дозволува чувствата да управуваат со неговиот живот. Не е злопамтило но ако почувствува дека партнерот не му посветува  доволно внимание знае да биде неверен или само едноставно да го напушти.
Бик- Бикот очекува приврзаност и лојалност од партнерот. Доколку се најде во ситуација да искористи определена прилика и ако е сигурен дека партнерот нема да дознае, се случува  да изневери. Верен е додека неговиот партнер му ја возвраќа верноста. Жените родени во знакот на Бик, доколку партнерот ги изневери , секогаш го возвраќаат ударот.
Близнаци- Тие најбрзо можат да извршат неверство. Не му замеруваат на својот партнер доколку е неверен, бидејќи тие и самите не се ништо подобри. Машките претставници на овој знак се водат од мотото земи се што животот ти нуди, па затоа и често и непромислено изневеруваат.
Рак- Жените родени во знакот на Рак се романтични, но и суетни. Па така доколку ја изневерите не може да се помири со тоа и таа секако ќе ви врати на неверството. Мажот Рак не може да прости неверство, затоа што тој не е склон кон неверство. Ако го изневерите тој ќе ве остави.
Лав- Кога е во прашање жена Лав, бидете сигурни дека нема да бидете изневерени, кога е заљубена таа е посветена  на својот партнер. Но кога партнерот ќе и здосади или доколку врската не ја исполнува и таа знае да биде неверна. Мажот Лав е верен, но и трага по верна партнерка која нема да го напушти.
Девица-  Мажите се склони кон тајни љубовни врски кои успешно успеваат да ги скријат од својата партнерка. Но, доколку партнерката го изневери знае да проси без драми и расправии. Жените родени во знакот на Девица ги имаат истите карактеристики како и мажите Девици, изневеруваат но и простуваат.
Вага- Мажот Вага е шармантен и неодолив, сака жени кои се одлучни и знаат што сакаат од животот.Не изневерува, а простува неверство. Жена Вага  кога ќе почувствува дека на партнерот не му е потребна станува ладна и незаинтересирана, но и покрај се не изневерува, само го напушта партнерот и е во потрага по нов.
Шкорпија- Има високи стандарди кога е во прашање партнер, па никогаш нема да ви прости неверство, но и да изневери. Секогаш дава се од себе за личноста што ја сака. Овие карактеристики важат и за двата пола.
Стрелец- Неверен по природа, дури и кога се труди да биде посветен, не може да одолее на прилика за неверство.  Жената Стрелец не простува неверство, додека мажот Стрелец знае да прости.
Јарец- додека е во врска не изневерува, но откако ќе стапи во брак ретко кога е верен. Често има паралелни врски со бракот, но се труди бракот да опстои. Жената Јарец е способна да сака повеќе партнери  истовремено, но, неверство не простува.
Водолија- Водолиите сакаат на другите да им држат лекции за морал, а тие никогаш не се придржуваат до нив. Само себе си угодуваат. Мажот Водолија е најголем заводник во зодијакот, па и често е неверен. Жената Водолија не може да се помири  доколку партнерот ја изневери, бидејќи за неа е невозможно некоја друга личност да е поинересна од неа.
Риби- Мажите Риби не можат да им одолеат на жените па затоа се и неверни, но доколку сака брак со вас знае да биде разумен и воздржлив. Жените Риби се верни и морални, но и тешко простуваат неверство токму поради фактот дека тие се верни.
 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Овен- за нив сексот е поважен од љубовта, често имаат тајни љубовни врски за кои многу малку луѓе знаат. Не дозволува

Пронајдете не на следниве мрежи: