Храм изграден со 100.000 забранети книги!

Аргентинската уметничка Марта Минунин создала монументална реплика на грчкиот Партенон од 100.000 примероци со забранети книги. Според неа, оваа градба симболизира отпор кон политичката репресија.Книгите на Партенон во Касел, е дел од фестивалот за уметност на Документа 14 во Германија. Со помош на студентите од Универзитетот Касел, Минунин идентификувала над 170 наслови кои биле или се забранети во различни земји од целиот свет и го конструирала тој храм на реплики од книги, пластика и челик. 

Најконтроверзната книга во Германија – “Mein Kampf” на Адолф Хитлер не е дел од овој храм и тоа поради добра причина: нацистите беа озлогласени цензори на книгите. Всушност, делото на Минунин е поставено на историски локалитет каде што нацистите изгореа околу 2.000 книги во 1933 година, како дел од кампањата која носеше една порака: “Каде што горат книгите, таму ќе горат и луѓето” – изрека на Хајнрих Хајне од 19 век.
 
Книгите на Партенон во Касел, е дел од фестивалот за уметност на Документа 14 во Германија. Со помош на студентите од Универзитетот Касел, Минунин

Пронајдете не на следниве мрежи: