петок, 27 ноември 2026
Најново

Христијаните масовно се протеруваат од Мосул

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најмалку 160.000 христијани побегнале од Мосул, вториот по големина ирачки град, откако беше преземен од припадници на Исламска држава во јуни, јави ДПА, повикувајќи се на ирачки пратеник.- Христијанските семејства беа принудени да го напуштат градот поради насилствата и заканите на таа терористичка група, рече пратеникот христијанин Емад Јухана.Откако го презеде градот при напредувањето во Северен Ирак, Исламска држава им нареди на локалните христијани да се преобратат во ислам и да плаќаат „данок за заштита“, во спротивен случај ги очекува смрт.Јухана рече дека неколку европски земји, кои не ги именуваше, прифатиле дел од христијаните, кои избегале од Мосул. Мнозинството од нив пронајдоа прибежиште во ирачката автономна област Курдистан, додаде пратеникот.Пред навлегувањето на американската војска во 2003 година, во Ирак имало 1,2 милиони христијани, додава ДПА.- Христијанските семејства беа принудени да го напуштат градот поради насилствата и заканите на таа терористичка група, рече пратеникот христијанин

Поврзани вести