Христијанка од Ирак: „Ми ставија меч на гркланот, но одбив да си ја сменам верата“

Една христијанка од Ирак опишала како минатата недела им се спротивставила на терористите од ИСИС, кои со меч на гркланот ѝ се заканиле да премине во ислам или да ја изгуби главата.Со острицата на вратот, таа одговорила дека попрво би умрела отколку да се откаже од верата во Христос. Но, наместо да ја обезглават, исламистите – од кои многумина ги опишала како странци со долги бради, ја ограбиле и ја избркале од Каракош.
Кириа Ал-Кас Исак (54), е една од многубројните христијански бегалци кои преку курдската граница успеале да избегаат од теророт кој им го приредува ИСИС.
Плачејќи додека го раскажува нејзиното тешко искушение, Кириа рече таа и сопругот, Муфид Вади Тобија, се разбудиле утрото на 7. август дознавајќи дека Каракош е окупиран од борците на ИСИС.
Милитантите, кои зборувале различни јазици, уште од првиот ден се заканиле дека ќе биде обезглавена ако не премине во ислам. Кога ги одбила, Кириа и уште 46 жени кои ги отфрлиле ваквите барања, биле одвоени од своите семејства и камшикувани и тепани во текот на наредните 10 дена, со цел да се предомислат и да се откажат од христијанската вера.
Кириа вели: „Веднаш им одговорив на терористите – јас сум родена како христијанка и ако тоа ме доведува до смрт, сакам да умрам како христијанка.“ Цитирајќи го Еванѓелието на Матеј, таа рече: „Кој ме негира пред луѓето и Јас ќе го негирам пред Мојот Татко кој е на небесата“.
Таа додаде дека жените често биле собирани во групи, така што тие можеле да бидат сведоци на тоа како другите трпат болки кога се камшикуваат.

 

Кириа рече дека ниедна од жените не била безглавена за време на мачењата, но и дека никоја не преминала во ислам.
Кога еден терорист на ИСИС ѝ се приближил, заканувајќи се дека повеќе ќе ја боли ако не стане Муслиманка, таа ладнокрвно му одговорила:
„Јас сум стара и болна жена. Немам деца, ниту било какво потомство кое би можела да му го понудам на исламот. Тогаш, која е користа ако ја сменам верата?“
На десеттиот ден, еден од терористите ѝ ставил меч под грлото, велејќи: „Смени ја верата, инаку ќе ти го пресечам гркланот“.
Кириа мирно му одговорила дека е христијанка и дека тоа и ќе остане така.
Наредниот ден, таа и уште две жени биле ослободени и однесени до курдската граница, каде што конечно се завршила нивната тортура.
Сахар Монсур, бегалец од Мосул кој ја интервјуираше Кириа во Анкава, изјави дека таа нема сон веќе неколку вечери по ред поради кошмарите и непријатното искуство кои и понатаму ја прогонуваат.Со острицата на вратот, таа одговорила дека попрво би умрела отколку да се откаже од верата во Христос. Но, наместо да ја обезглават, исламистите –

Пронајдете не на следниве мрежи: