Хрватска обвини неколку офицери на поранешна ЈНА за воени злосторства

Регионалното обвинителство во Сплит вчера покрена нови обвиненија за воени злостроства против шестмина поранешни српски команданти, информира „Индекс.хр“.Еден од обвинетите е генералот од резервата на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА) , Борислав Ѓукиќ, против кого веќе е покренато обвинение за разурнувањата на браната на вештачкото езеро Перуча, во 1993 година. Обвиненија се покренати и против четворица полковници и еден потполковник на ЈНА.
Обвинителството ги товари дека како воени команданти издавале наредби за артилериски гранатирања и напади врз пешадијата во населбите во регионот на Шибеник.
Обвинителството во Сплит ги товари дека „знаеле дека нивните војници систематски го убиваат, тепаат, малтретираат и измачуваат хрватското население во окупираните реони, дека силуваат жени, палат и минираат станбени и стопански објекти, како и католички религиозни објекти“.
Како команданти тие не ги презеле неопходните мерки за спречување на ваквото поведение на своите потчинети, туку го дозволиле извршувањето на кривичните дела, и нивните војници, поттикнати од поведението на своите команданти, продолжиле без пречки да ги извршуваат злосторствата.
Под нивна команда биле убиени 118 цивили, силувани биле пет жени и иамло обиди за силуваат на уште седум други, се наведува во обвинителниот акт. Во документот се дополнува дека од своите домови биле прогонети многу луѓе и биле уништени многу објекти.Еден од обвинетите е генералот од резервата на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА) , Борислав Ѓукиќ, против кого веќе е покренато обвине

Пронајдете не на следниве мрежи: