HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, веќе е достапен на македонскиот пазар, со голем дисплеј, модерен изглед, одлична камера и моќна батерија, по прифатлива цена од 12.999 денари.

Со својот 6,67 инчен Full HD дисплеј, новиот паметен телефон на HUAWEI нуди навистина неограничено искуство. Целокупната висококвалитетна изработка, одличната батерија и камера ги инспирираат корисниците да ги „фатат” најдрагите моменти.

Удобност за очите, летечки старт на игрите

Љубителите на мобилни игри и видео содржини ќе ја ценат големината на екранот од 6,67 инчи и неговата Full HD резолуција од 2400 x 1800 пиксели. Со грижа за очите, дисплејот на паметниот телефон нуди ефективен филтер против сината светлина, користејќи TÜV Rheinland сертифициранEyeComfortрежим. Во меѓувреме, страничното копче за напојување, кое исто така е сензор за отпечатоци, им овозможува на корисниците побрзо ибезбедно отклучување на телефонот.

Непрекинати авантури со 22.5W HUAWEI SuperCharge

Денес, телефоните се исто така наш личен центар за забава и работа, што значи сериозно и постојано оптеретување на нивниот систем. За да не го изневери својот сопственик, HUAWEI P smart 2021 поддржува 22.5W HUAWEI Super Charge технологија. Овозможува толку брзо полнење што ви требаат само 10 минути за 2 часа работа. Самиот капацитет на батеријата е особено импресивен – дури 5000mAh!

Изразете ја својата креативност со 48MP quad AI-камера

Камерата и батеријата се две од главните карактеристики на паметните телефони на Huawei во секој опсег на цени, а HUAWEI P smart 2021 дури ги надминува очекувањата. Неговата quad-задна камера овозможува неверојатни снимки и фотографии, благодарение на 48мегапиксели и ½ инчен сензор, што помага во одржување ниско ниво на шум и поквалитетни фотографии.

HUAWEI P smart 2021 е одличен избор за ноќно фотографирање, поради неговата висока чувствителност и вградена технологија со вештачка интелигенција. Паметниот телефон е во состојба да прави јасни фотографии со помалку шум, дури и во екстремно темни услови.

Селфињата станаа составен дел од нашето самоизразување и спомени на пријатно време во добро друштво, така што кајHUAWEI P smart 2021 се посветува посебно внимание на предната камера. Камератаима 8-мегапиксели и поддржува интелигентна функција за разубавување, така што селфињата се совршени за споделување во моментот откако ќе се направат. Ултра-широкиот агол на камерата има поле од 120° за да не пропушти ништо и никој од кадарот на групно селфи или пејзажни фотографии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.