И Android ќе оди на „диета“

Google конечно почна да ги расчистува постарите Android верзии од пазарот. Минатиот месец, со само 1,3% удел, беа елиминирани Donut и Eclair верзиите од месечната дистрибуција…Со тоа се покачи уделот на Android 4.1 (36,6%) и Android 4.2 (8,5%). Jelly Bean е инсталиран на вкупно 45,5% од сите Android телефони на пазарот, скокнувајќи од 40,5% од минатиот месец, што е навистина одлично.
Со отфрлање на овие две дистрибуции, значително ќе се намали товарот врз Google за координирање на компатабилноста на апликациите на Play Store. Она што е интересно е дека во истражувањето не е вклучена Android 4.3 верзијата, иако е достапна за симнување уште од крајот на јули. Она што знаеме е дека ICS верзијата (4.0) покажува пад за 1,5%, додека пак Gingerbread верзијата покажува пад за 3%, што значи дека можеби тие корисници преминале на 4.3 верзијата.
Да се надеваме дека Google ќе ни прикаже статистики за користењето на новата верзија во блиска иднина.
извор: gsm.mkСо тоа се покачи уделот на Android 4.1 (36,6%) и Android 4.2 (8,5%). Jelly Bean е инсталиран на вкупно 45,5% од сите Android телефони на пазарот, с

Пронајдете не на следниве мрежи: