И богатите плачат: Иако се познати семејните проблеми не ги заобиколуваат

И богатите плачат. Семејните проблеми и несогласности не се резервирани само за обичните смртници. И славните личности се само луѓе, што значи дека и нив ги мачат исти проблеми како и нас.Адел
Познатата пејачка и добитничка на Греми, Адел, признава дека татко и ја напуштил кога имала само три години, и ја оставил сама со мајка и. Тој денес се јавува и вели дека сака да биде дел од животот на својот внук. Но, пејачката потполно полудела кога ги прочитала неговите коментари во дневните веснци. „Само што сакав да го обновам односот со него, но тој ја уништи својата шанса“.
Меколи Калкин
„Малиот“ Меколи прилично се повлече од јавниот живиот во средината на 90-те, но неговиот татко и понатаму продолжил да дава изјави за таблоидите. Така, на пример, зборувал дека Меколи е зависник од дрога и слично. Тие двајца повеќе не се во контакт од 1997 година кога Меколи го отуштил својот татко кој му бил менаџер.
Никол Кидман
Актерката ја посвоила Изабела, која денес има 19 и Конор, кој денес има 17 години, заедно со тогашниот сопруг Том Круз. Отако се развеле во 2001 година, Никол со нив била се помалку во контакт и се посветила на новото семејство, Кит Урбан и неговите ќерки, Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. „Тие живеат со Том, и тоа е нивниот избор. Би сакала да живеат со мене, но што можам јас тука.“

Деми Мур
Ова лето се говореше дека нејзините три ќерки побарале да и се забрани на Деми да им се приближува, бидејќи од ноември 2011, кога раскинала со Ештон Качер, била на рехабилитација. Иако извори блиски на семејството велат дека на девојчињата им треба малку повеќе слобода, не е покрената никаква законска постапка против нивната мајка, на која сепак и помагаат да го преброди тешкиот период.

Линзи Лохан
Таткото со кој не разговара изнесува приказни во јавноста за нејзините љубовни и парични пробеми, иако воопшто не е упатен во тоа што се случува во животот на Линзи. Сега излегол со нова информација – за тоа како Линзи има попусестра. Ешли, на која тоа и е соопштено во интервју во емисијата „Добро утро, Америка“. Тој тврди дека Линзи знаела за тоа и порано, бидејќи тоа и го кажала лично мајка и, неговата поранешна сопруга Дина.Адел
Познатата пејачка и добитничка на Греми, Адел, признава дека татко и ја напуштил кога имала само три години, и ја ост

Пронајдете не на следниве мрежи: