И фраерите се плашат од првиот состанок

Верувале или не, и на момчињата им е непријатно пред првиот состанок. И момчињата пред првиот состанок имаат свои стравови. Не се само жените оние кај кои се јавува трема околу тоа што ќе облечат, како ќе се нашминкаат и кое јадење ќе го нарачаат во ресторан. Слични работи ги мачат и момчињата, но во нешто поразличен облик.
Како да започнам разговор?
Не е лесно да се пробие ледот на првиот состанок. Првата тема на разговор е секогаш помалку непријатна, а поголемиот дел од момчињата се плашат токму тука да не ја зезнат целата работа. Еднаш кога ќе го поминете овој дел, се ќе биде полесно.
Можеби сум досасен?
Единствената работа која е полоша од одбирање на тема , е стравот дека ќе делувате како да ви е досадно. Стравот и несигурноста знаат понекогаш да заземат таков замав што и најинтересната тема може да испадне очајна.
Опуштена блуза или кошула?
Не се само жените опседнати со изборот на облека за првиот состанок. Момците исто така се грижат за тоа дали ќе делуваат премногу скоцкано или неуредно, бидејќи првиот впечаток кој девојката ќе го добие за него е особено значаен.
Што да правам со сметката?
Во филмовите момчето е тоа кое секогаш посегнува за новчаникот, но статистички тоа не е секогаш најдобар пан. Некои девојки инсистираат да ја поделат сметката бидејки сметаат дека во спротивно нема да бидат рамноправни. Меѓутоа дамите тука се главните виновници бидејќи на првиот состанок момчињата секогаш го имаат главниот збор кога е новчаникот во прашање.
Бакнеж, да или не?
Во образ или во уста? Сака ли да ја бакнам, ако не ја бакнам таа ќе помисли дека не сум заинтересиран?  Многу недоумици околу бакнежот имаат момчињата после првиот состанок, но едно е сигурно – правила не постојат. Токму поради тоа внатрешните чувства и емоции треба да го имаат последниот збор, тие ќе ве доведат до вистинскиот избор.Верувале или не, и на момчињата им е непријатно пред првиот состанок. И момчињата пред првиот состанок имаат свои стра

Пронајдете не на следниве мрежи: