И Модриќ затајувал данок

Случајот на Модриќ ќе оди пополека, затоа што застарувањето на истиот не е ни блиску. Според него, обвинителите ќе покренат обвинение и против некои други играчи, тренери и луѓе од спортот. Ќе има изненадувања, не само во Реал, објави мадридски АС.
 Пред неколку дена шпанските даночници ја завршија истрагата за Лука Модриќ и неговата фирма во Луксембург, во која како што пишуваше „Дер Шпигел“, слевал пари од комерцијални права кои хрватскиот капитен и играч од средниот ред на Реал Мадрид не ги пријавил.
-Случајот на Модриќ ќе оди пополека, затоа што застарувањето на истиот не е ни блиску. Според него, обвинителите ќе покренат обвинение и против некои други играчи. Ќе има изненадувања, не само во Реал, пишува АС.
Шпанското државно обвинителство во вторникот покрена обвинение против поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, а минатата недела и против Кристијано Роналдо. Пред нив покренато е обвинение против некогашниот напаѓач и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, поранешниот напаѓач на Атлетико Радамел Фалкао, играчот на Реал Фабио Коентрао, поранешниот играч на Реал, Анхел Ди Марија и агентот на Роналдо, Жорге Мендеш.
Сите се обвинети за отварање фирми и сметки во странски даночни оази, преку кои добивале пари од спонзори не плаќајки данок во Шпанија и сите имаат проблеми поради данокот од 2011 година.
Модриќ во Реал Мадрид дојде во август 2012 година, а потоа со сопругата Вања отвори фирма во Луксембург, преку која добивал пари од реклами и спонзори, објавува весникот Ел Мундо темелејќи го текстот на поверливи информации добиени од „Football Leaks“.
 Пред неколку дена шпанските даночници ја завршија истрагата за Лука Модриќ и неговата фирма во Луксембург, во која како што пишуваше „Дер Шпи

Пронајдете не на следниве мрежи: