Францускиот доктор кој шест месеци го лечеше Михаел Шумахер бидејќи во декември на скијање во Франција се здоби со тешки повреди на главата, денес потврди дека легдендарниот возач на Формула 1 излезе од кома.Тој предвидува дека Шумахер ќе закрепне во рок од 3 години.
Жан Франсоа Пајен, лекар во болница во Гренобл, кој се грижеше за здравјето на Шумахер од декември 2013 до јуни оваа година, вели дека го посетил германскиот возач на формула во неговиот дом во Швајцарија.
„Се надеваме дека ќе закрепне, само мораме да му дадеме време,“ вели Пајен.
Шумахер бил на скијање со својот 14 годишен син на француските Алпи кога на 29 декември доживеа несреќа, удирајќи ја главата во карпа, при што му напукала кацигата.
Седумкратниот шампион на Формула1 до јуни беше во болница во Гренобл во вештачка кома, а потоа беше преместен во рехабилитациона клиника во Лозана, и во септември конечно беше пуштен дома на понатамошно закрепнување.Тој предвидува дека Шумахер ќе закрепне во рок од 3 години.
Жан Франсоа Пајен, лекар во болница во Гренобл, кој се грижеше за здравјето на



