И „Рејтинг“ си поплука на кажаното

Агенцијата „Рејтинг“ излезе со анализа во која кажува дека до 13 часот излезноста на претседателските избори била поголема во споредба со претходните во 2009 година, но поради слабата излезност во албанските општини, просекот покажувал дека излезноста е иста.За разлика од денешните реални проценки на „Рејтинг“, агенцијата пред неполна недела излезе со анкета, имплицирајки на тоа дека Пендаровски може да смета на албанските гласови, кога тврдеше дека од 1560 испитаници дури 92 осто од анкетираните Aлбанци сметаат дека на Македонија и се потребни значајни промени.
-Дури 92 отсто од анкетираните Албанци сметаат дека на Македонија и се потребни значајни промени, наспроти 62 отсто од Македонците што го мислат тоа, стоеше во анкетата на „Рејтинг“ објавена пред неколку дена. 
„Рејтинг“ во истата анкета укажуваше и на тоа дека Пендаровски бил дури и во благо водство пред Иванов, но денеска „Рејтинг“ си поплука на кажаното, излезе со тврдење дека излезноста била голема, но на сите им се чинело дека е низок одзивот  бидејки Албанците не излегувале на гласање, истите оние за кои „Рејтинг“ тврдеше дека наводно 92 проценти барале промени.
На триесеттина минути до затворањето на избирачките кутии, очигледно е дека сценариото не се одвива според пропишаното и никаде ги нема гласачите за кои „Рејтинг“ тврдеше дека ќе гласаат за Пендаровски.
Извор:kurir.mkЗа разлика од денешните реални проценки на „Рејтинг“, агенцијата пред неполна недела излезе со анкета, имплицирајки на тоа дека Пендаро

Пронајдете не на следниве мрежи: