И рекле дека е „подвижен костур“ и ја навредувале дека е слаба, но после ваков одговор можат само да молчат

Манекенката Жанвијев Баркер (26) е природно слаба, и поради тоа секојдневно трпи навреди, негативни коментари и споредувања со костур на сите социјални мрежи.Откако една фотографија предизвикала низа негативни коментари и навреди, таа одлучи да проговори и на хејтерите да им прати порака после која можат само да замолчат.
Фотографот Брајди Мек на својот Инстаграм профил објавил фотографија од оваа манекенка, на која таа позира на плажа. На слабата манекенка и се гледаат ребрата, а многумина помислиле дека тоа им дава за право да ја критикуваат и да ја посрамат што не е „нормална“.

„Изгледа како костур“, „Ова е одвратно“, „Изеди хамбургер“…. се само некои од коментарите кои се поредиле. На многумина им засметало што ваква фотографија се промовира на Инстаграм страна на која би требало да промовира убаво и здраво тело.

 
Да се промовира фотографија од жена со 40 килограми вишок, тоа веројатно никому не би му пречело.
Жанвиев се навикнала на вакви коментари, но сепак одлучила да изреагира.
„Постојано читам текстови во списанијата за тоа како не е убаво да се посрамоти жена бидејќи има вишок килограми. Сега дојдовме до тоа да не е дозволено една жена да  и каже на друга дека е „преголема“. Од друга страна, изгледа дека луѓето сметаат дека навредувањето им дава некоја моќ, и да говорат во име на „вистинските жени“ кога ќе ми кажат дека сум преслаба, но јас СУМ вистинска жена“, изјавила манекенката.

Навистина во последно време сме сведоци на се погресивни кампањи за жени со облини, па „дебела“ секаде во светот се смета за навреда. Сепак „костурите“, изгледа станало сосема ОК, а Жанвиев се прашува зошто е тоа така? Посебно во случајот кога девојките се природно слаби и не се дебелеат.
„Објавувам многу фотографии на инстаграм и постојано добивам такви коментари. Долго време се срамев што сум таква каква што сум. Но сега се прифатив себе си. Тренирам редовно, природно сум слаба но, што е најважно, здрава сум“, заклучила таа.Откако една фотографија предизвикала низа негативни коментари и навреди, таа одлучи да проговори и на хејтерите да им прати порака после која можат

Пронајдете не на следниве мрежи: