Кога ќе се спомнат сопствениците на спортските клубови, прво на памет ни паѓаат имињата на разните милијардери и компании. Но, светските ѕвезди во последно време поставуваат нов тренд. Затоа ќе ви претставиме некои од најпознатите ѕвезди чија љубов кон спортот не се задржува само на навивањето, туку се насочува кон купување на акции во нивните омилени клубови.Ријана и Дрогба ќе купат фудбалски клуб!
Популарната пејачка најави дека во родниот Барбадос ќе основа спортска академија, а заедно со напаѓачот Дидие Дрогба ќе купат еден помал фудбалски клуб од Англија.
Џин Симонс и Пол Стенли
Дуото од познатата група Kiss, се сопственици на малиот клуб LA Kiss, чие име секако е добиено по нивната група.
Меџик Џонсон
Познатиот кошаркар е дел од групата која го држи бејзбол тимот LA Dodgers.
Глорија и Емилио Естефан
Популарната пејачка и нејзинот сопруг поседуваат 1% од сопственоста на Dolphins, односно тимот за американски фудбал Miami Dolphins.
Џон Бон Џови
Познатиот рокер е голем љубител на спортот. Заедно со еден канадски бизнисмен планираат да го купат фудбалскиот клуб Buffalo Bill.
Расел Кроу
Австралискиот актер во 2006 година го купи својот омилен рагби клуб – South Sidney Rabbits. Под неговото раководство, Зајаците се препородени и навивачите се вратија на трибините за да ги бодрат.
Бил Мери
Познатиот актер е сопственик на дури четири мали бејзбол клубови – St. Paul Saints, Fort Meier`s Miracle, Hudson Valley Renegades и Charleston Seadogs.Ријана и Дрогба ќе купат фудбалски клуб!
Популарната пејачка најави дека во родниот Барбадос ќе основа спортска академија,



